Top Sport

Аморосо: Анри за малку ќе играше за Удинезе

Поранешната ѕвезда на Удинезе, Бразилецот Марсио Аморосо открива дека за малку легендата на Арсенал, Тјери Анри ќе го разменел местото со него, пред во 1999 година да замине за Арсенал.

Анри постигна само три гола за Јувентус во втората половина од сезоанта 1998/98, додека Аморосо стана најдобар стрелец на сезоната со 22 гола и покрај тоа што играше за Удинезе, клуб кој не беше во борба за висок пласман. Сепак, на крајот Французинот направи убедливо поблескава кариера со Арсенал, а потоа и со Барселона.

„Тие 22 гола таа сезона ми даваат огромно задоволство бидејќи беа остварени со провинциски тим. Тогаш, дефанзивците беа најдобри фудбалери во Серија А, но ние имавме силен тим. Не играв за Јуве, Милан или Интер и немав многу помош напред. Дури имаше можност Јувентус да ме земат во замена со Анри, но тој го одби тоа. Потоа, јас останав во Удине, а тој замина во Арсенал“, вели 45-годишниот Аморосо.

Тој вели дека има омилен меч – кога Удинезе на гости ги совладаа Јувентус со 3:0 во април 1997 година.

„Игравме со играч помалку, но добивме голема победа“, вели Аморосо.

Scroll to Top