Top Sport

Бејл зачуден од навивачите на Реал: Не очекуваш твоите да те свиркаат!

Герет Бејл, конечно, проговори за чувството кое го има додека навивачите на Реал Мадрид го свиркаат, велејќи дека тие само си прават штета кога ги напаѓаат сопствените фудбалери.

30-годишниот Велшанец и покрај тоа што постигна некои клучни голови за „лос бланкос“ во кариерата, како двата гола во финалето на ЛШ во 2018 година, постојано е „жртва“ на лутите навивачи кога работите не одат најдобро во Мадрид. Тој беше блиску до излез од клубот минатото лето, кога Реал го откажаа договорот за трансфер во Кина, а шпекулациите велат дека ќе замине ова лето.

„Се работи за една работа која не ја сфаќам. Не знаев многу за тоа пред да дојдам во Мадрид бидејќи е нешто што не очекуваш. Не очекуваш сопствените навивачи да ти го прават тоа. Сфаќам ако е насочено кон тимот ако не играме добро или губиме на полувреме. Но, да ги свиркаш сопствените фудбалери така е лошо, бидејќи сакаш поддршка кога не ти оди. Кога ќе ти свиркаат ќе играш полошо и тие ќе бидат полути. Навистина уште не можам да го сфатам тоа“, вели Бејл.

Бејл посебно ги налути навивачите на Мадрид кога по квалификувањето со Велс на Европското првенство застана со знаме на кое пишуваше: „Велс. Голф. Мадрид. Во тој редослед“.

„Го видов тој банер неколку недели претходно и момците ми кажаа дека ако одиме на ЕП треба да го извадиме. Јас им кажав дека не одам да го земам, и на крајот застанавме пред него. Тоа беше мала шега. Малку хумор. Луѓето може да го сфатат како сакаат“, објаснува Велшанецот.

Бејл славеше со Велс и го провоцираше Реал (Видео)

Scroll to Top