Top Sport

Аморузо: Кристијано се плаши да не го удрат со топка во лице

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Никола Аморузо вели дека Кристијано Роналдо е преокупиран со својот имиџ и дека не требаше да биде во живиот ѕид при голот со кој Порто ги елиминираше во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Сержо Оливеира постигна гол во 115. минута од продолженијата во Торино, и најмногу критики во Италија беше околу поставувањето на живиот ѕид, бидејќи топката помина меѓу нозете на Роналдо. Ова предизвика критики и од Фабио Капело, но најинтересен беше Аморузо.

„Никогаш не би го ставил во живиот ѕид. Нему му е страв да не го погодат во лице бидејќи најважен му е имиџот“, вели Амурозо.

Scroll to Top