Top Sport

Амрабат пред трансфер на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед веќе го ангажираше Мејсон Маунт од Челси, но се верува дека ќе се раздели со Фред, а иднината на Скот Мектоминај останува неизвесна. „Црвените ѓаволи“ бараат нови имиња за средниот ред.

Англиските медиуми трвдат дека менаџерот Ерик тен Хаг ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабат.

Тој импресионираше на Светското првенство во Катар со селекцијата на Мароко, а интерес за него покажаа голем број клубови, меѓу кои Барселона и Ливерпул.

И Баерн Минхен го следи Амрабат, но сѐ уште никој не дал понуда. Манчестер Јунајтед отпочнал преговори со претставниците на играчот и набрзо се очекува да достави официјална понуда.

 

Scroll to Top