Top Sport

Абрахам ги сруши Вулфси, „покер“ на Тотенхем против Палас (Видео)

Челси и Тотенхем забележаа убедливи победи во петтото коло во Премиер лигата, во кое Манчестер Јунајтед од белата точка ја прекинаа серијата од три натпревари без победа.

На тешкото гостување кај Вулверхемптон Челси забележаа убедлива победа благодарение на младиот напаѓач Теми Абрахам кој го постигна својот прв хет-трик во кариерата во Премиер лигата. Абрахам барем до вечерва кога Сити ќе го одиграат својот натпревар ќе биде прв стрелец во елитната англиска конкуренција.

Мечот со Вулвархемптон уште еднаш покажа дека Челси е најслаб во одбраната и тука Лампард ќе има најмногу работа.

„Сините“ во интервалот од 31 до 55 минута постигнаа четири гола. Најпрвин Томори го постигна деби голот за Челси, а потоа од 34 до 55 минута Абрахам запиша хет-трик.

Абрахам со авто-гол се погрижи овој натпревар целосно да биде негов. Во 85 минута Кутроне со својот прв гол во Англија намали на 2-4, а конечните 2-5 ги постави Маунт во 96 минута.

Во малото лондонско дерби Тотенхем за 35 минути го победија Кристал Палас. Од 10 до 45 минута два гола постигна Сон, Ван Анхолт ја погоди својата мрежа, а меѓу стрелците се запиша и Ламела.

Манчестер Јунајтед победија по пауза од три кола. На „Олд Трафорд“ падна Лестер благодарени ан голот од пенал што го постигна Рашфорд во шестата минута.

Брајтон и Барнли освоија по еден бод откако одиграа 1:1, додека Саутемптон победија со 1:0 во Шефилд.

Scroll to Top