Top Sport

Анчелоти: Ако Валверде не даде над 10 гола, ќе ја скинам мојата тренерска лиценца

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се закни дека ќе ја искине својата тренерска лиценца ако Феде Валверде не даде над 10 гола за Реал Мадрид оваа сезона.

Уругваецот има одличен старт на новата сезона со 3 гола и 2 асистенции во првите осум настапи за „кралевите“, вклучувајќи фантастичен соло-гол против Мајорка минатиот викенд. Тој и вчера беше стрелец против РБ Лајпциг во Лигата на шампиони и Анчелоти му даде предизвик.

„Ми беше многу чудно што лани постигна само еден гол. Му кажав дека ако не успее да даде повеќе од 10 гола ќе морам да ја скинам мојата тенерска лиценца. Сега, тоа е на него“, изјави Анчелоти по мечот со Лајпциг.

Scroll to Top