Top Sport

Дивеење на БББ во Милано со нацистички поздрави и терор

Италијанската јавност е шокрана од однесувањето на дел на навивачите на Динамо Загреб, „Бед блу бојс“, кои беа снимени како прават нацистички поздрави и демолираат една сендвичара во близина на стадионот „Сан Сиро“ пред вчерашниот меч од Лигата на шампионите против Милан.

Видеото на кое навивачите патуваат кон стадионот правејќи нацистички поздрави веќе беше споделени илјадници пати, а во другото видео тие бесот го насочуваат кон една сендвичара пред „Џузепе Меаца“ додека сопственикот ги моли да престанат.

Scroll to Top