Top Sport

Анчелоти бара да му го донесат Ришарлисон

Реал Мадрид покажува интерес за Бразилецот Ришарлисон (26) од Тотенхем, пишува порталот „90мин“. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, знае какви квалитети има Бразилецот, тој една година му беше тренер во Евертон.
Анчелоти, според овој извор, бил убеден дека бразилскиот напаѓач совршено ќе се вклопи во визијата што ја има за Реал Мадрид.

Ришарлисон има лоша сезона во Тотенхем, во Премиер лигата постигна еден гол и додаде четири асистенции на 26 натпревари. Тој постигна три гола во сите натпреварувања и одигра 34 натпревари.

Ришарлисон де Андраде, роден на 10 мај 1997 година, кариерата ја започна во Бразил. Тој помина две години во Флуминенсе, потоа се пресели во Вотфорд во 2017 година, потоа играше во Евертон, а минатото лето за 58 милиони евра пристигна во Тотенхем.

Scroll to Top