Карло Анчелоти признава дека е потребно трпение од навивачите на Евертон, но вели дека планот е да се направи клубот од Ливерпул „стандарден“ во европските натпреварувања.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид го презема клубот по отпуштањето на Марко Силва, иако преодниот менаџер Данкан Фергусон го стабилизираше тимот со победи над Челси и ремија со Манчестер јунајтед и Арсенал. Анчелоти пак, беше отпуштен од Наполи каде што му се случи бунт на фудбалерите и конфликт со претседателот Аурелио де Лаурентис и сега знае дека предизвикот е голем.
„Возбуден сум што сум во еден од најголемите англиски клубови. Уживам во тимот, во клубот. Имаме големи амбиции, голема историја, а мислам дека тимот е исто така добар. Тука сум да бидеме подобри и поквалитетни. Навивачите на Евертон секогаш биле покрај својот тим и тоа сега е многу важно. Сакам да работам заедно со нив, а сонувам за големи работи. Целта е да бидеме конкурентни во Премиер лигата, да бидеме во горниот дел од табелата и да бидеме конкурентни во Европа. Тоа нема да се случи веднаш, но тоа е целта“, вели Анчелоти.
Евертон се само 15. во Премиер лигата.
? | "I am excited to be here, at one of the greatest clubs in England. This is a Club with a lot of history – and ambition for the future. It's my dream to bring success." #EFC@MrAncelotti gives his first interview. And it's brilliant. ? #EFC #WelcomeMrAncelotti pic.twitter.com/q9zoJSCCB5
— Everton (@Everton) December 22, 2019