Карло Анчелоти ја остави отворена можноста Герет Бејл да биде стартер за Реал Мадрид во клучната пресметка на гости со Пари Сен-Жермен во вторник во Лигата на шампионите по импресивната игра на гости кај Вилјареал во саботата.
32-годишниот Велшанец играше во меч од Ла лига првпат од август на „Керамика“ во отсуство на Карим Бензема и иако не беше стрелец, Анчелоти беше доволно импресиониран.
„Засега не знам дали Бејл ќе стартува против ПСЖ. Ќе треба да почекаме и да видиме што ќе се случи во следните денови. Тој доби шанса да игра и покажа што требаше, можеше да биде стрелец, беше опасен… Се што побарав од него. Последните неколку меча ни недостасуваа голови, а можеби и малку среќа. Но, загрижен сум кога не правиме шанси за голови, вака само треба да ја поправиме прецизноста“, објаснува италијанскиот тренер.
Со Бејл како стартер, Реал само со поен на гостувањето кај Вилјареал