Top Sport

Спалети по ремито со Интер: Мене тоа ми изгледаше на голема пропуштена шанса

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети признава дека е малку разочаран од 1:1 ремито со Интер бидејќи неговиот тим не покажал за што е способен.

Наполи имаа шанси да избијат на првото место во Серија А со победа над актуелниот шампион и имаа доминантно прво полувреме пред во второто да примат гол и мечот да заврши 1:1, што им дава шанса утре на Милан да ги поминат двата клуба на табелата.

„Во делови од натпреварот ја заддржавме нашата леснотија на играње, но кога не го направивме тоа, дозволивме тие да се вратат. Примивме гол кога тие беа поупорни на топката и ја контролираа играта. Во основа сум задоволен од мечот и имавме многу шанси за тој втор гол, но делумно се чувствува како да пропуштивме голема шанса. Ова е вредно искуство за нас и мораме да научиме да играме со тимови како Интер“, вели Спалети.

Трката за скудетото најверојатно нема да биде одлучена бргу, а на Наполи прво им следува мечот од плејофот во Лига Европа против Барселона.

Наполи и Интер со реми, Милан утре може да стане лидер во Серија А

Scroll to Top