Top Sport

Анчелоти бесен за состојбата на стадионот „Сан Паоло“

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти влезе во зачудувачки напад на локалните власти на Неапол околу состојбата на нивниот стадион „Сан Паоло“, велејќи дека постои презир кон клубот откако за два месеци не успеале да ги реновираат соблекувалните.

Во текот на летото на „Сан Паоло“ се изведуваа повеќе работи за реконструкција на стадионот, по што клубот првите два меча од Серија А ги играше на гости кај Фиорентина и Јувентус.

Но, „инспекцијата“ на Анчелоти и на клубот покажала дека состојбата е хаотична.

„Ги видов условите во соблекувалните на ’Сан Паоло’ и останав без зборови. Го прифатив барањето на клубот првите два меча да ги играме на гости за да може да се завршат работите, но сега сум разочаран. За два месеци градите куќа, а тие не успеаја да ги обноват соблекувалните? Каде ќе се подготвуваме за мечевите со Сампдорија и Ливерпул? Непрофесионалност до крај. Како може регионот и општината да го дозволат ова? Мислам дека се работи за презир и недостасток на љубов кон клубот и градот“, вели Анчелоти.

Scroll to Top