Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја презеде вината за дебаклот што го доживеа неговиот тим во Ел класико. Барселона, синоќа, во Мадрид, победи со 4:0.
„Играа подобро од нас. Ние имавме лош ден, тоа е тоа“, рекол искусниот Италијанец.
„Тешко е бидејќо ова е Ел класико. Жалам. Треба да останеме мирни. Не треба да правиме драма од ова. Мораме ова да го заборавиме и да гледаме напред“.
На прашањето што им кажал на играчите по завршувањето на натпреварот, Анчелоти одговорил:
„Јас сум виновен. Тоа им го кажав“.
Реал и покрај поразот останаа први на табелата со 12 поени повеќе од Барселона.