Top Sport

Анчелоти даде одговор што пиел и зошто не славел што против Тотенхем

Кул реакцијата на менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти при драматичната 5:4 победа во продолженијата од мечот од ФА купот против Тотенхем стана атракција на социјалните мрежи, така што италијанскиот стручњак беше запрашан како останал толку смирен со кафе во рацете.

Прво, тој објасни што точно пиел.

„Пиев чај, не кафе. Се смрзнував таму. Беше многу студено и барав чај. Кога Бернар го постигна голот не славев поради две причини. Прво, во раката имав жежок чај, а второ, не бев сигурен дали голот ќе го признаат“, вели Анчелоти.

Англичаните дознаа колку Карло Анчелоти е кул!

Scroll to Top