Top Sport

Едгар по нокаутот од Сандхаген: Не се сеќавав со кого се борев, ниту дека два месеци тренирав!

УФЦ ветеранот, Френки Едгар признава дека имал последици од бруталниот нокаут со „летечко колено“ кој го доби од Кори Сандхаген минатиот викенд, објаснувајќи дека не се сеќава со кого се борел во кафезот и колку долго се подготвувал за мечот.

Едгар го доживеа третиот пораз во последните четири меча во Лас Вегас во саботата, по што многумина го советуваа поранешниот УФЦ шампион да се повлече од спортот, како актуелниот шампион Хабиб Нурмагомедов, и тој открива дека нема поим со кого се соочил.

Во интервју за „ЕСПН“, тој признава дека по мечот прво прашал со кого се борел, а кога му кажале, не се сеќавал дека тренирал и дека бил договорен за меч.

„Тоа е дел од спортот, па ќе го споделам. Не сум горд на тоа, секако. За некои луѓе може е страшно, но сум се справил со такви работи и претходно. Не се сеќавав ниту на мечот, ниту на тоа дека тренирав два месеци. Но, се сеќавам на првите 20 секунди од мечот. Ова го правам цел живот и го сфаќам ризикот“, вели Едгар.

Сандхаген со најбруталниот УФЦ нокаут во 2021

Scroll to Top