Top Sport

Анчелоти ги нападна УЕФА и ФИФА

Реал не успеа да ја победи Осасуна во 11.коло. Вината за непланираниот резултат, тренерот Карло Анчелоти, ја лоцира кај ФИФА и УЕФА.

„Мислам дека во календарот има премногу натпревари. ФИФА и УЕФА, мора да направат нешто, играчите се уморни. Ако се продолжи вака, нема да има натпревари“, рекол Анчелоти.

„Играме многу натпревари, многу од нив се пренесуваат. Лично како навивач, тоа ми се допаѓа. Но како директен актер, како тренер, сметам дека тоа не е најдобра опција за тренирање на врвните тимови. На многу натпревари нема квалитет во играта“.

Реал, по 11 натпревари во Примера, има 21 бод, ја дели првата позиција со Севилја, Бетис и Реал Сосиедад.

Scroll to Top