Карло Анчелоти пред да се врати како тренер на Реал Мадрид имал понуда да стане замена за Антонио Конте во Интер, но сметал дека не е возможен таков трансфер бидејќи тоа би значело „предавство“ за Милан.
Анчелоти беше во Евертон од декември 2020 година, неколку дена откако доби отказ од Наполи, но им призна на газдите и на навивачите на „карамелите“ дека добил понуда која не се одбива со шансата да се врати во Реал Мадрид.
Според „Диарио АС“, тој претходно добил понуда од Интер, што би значело дека ќе работи за тимот кој е лут ривал на Милан, каде што беше легендарен фудбалер и тренер.
„Тоа што сум денеска, го должам на навивачите на Милан. Не можам да ги предадам“, изјавил наводно популарниот Карлето.