Top Sport

Анчелоти ги препороди Евертон, нова победа за Вотфорд (Видео)

Карло Анчелоти во помалку од 48 часа ја забележа и втората победа како менаџер на Евертон. „Карамелите“ попладнево славеа во Њукалс со 2:1. Значајна победа во борбата за опстанок забележаа фудбалерите на Вотфорд над Астон Вила, додека Саутемптон и Кристал Палас одиграа натпревар без победник.

По победата над Барнли, на Боксинг Деј, играчите на Анчелоти ги освоија бодовите и на тешкото гостување во Њукасл. Двата гола ги постигна Калверт-Лувин во 13 и 64 минута. Голот за Њукасл го постигна Шар во 56 минута. Вотфорд се во добра серија, на последните три натпревари освоија седум бода. По победата над Манчетер Јунајтед и ремито во Шефилд „стршлените“ славеа над Астон Вила.

Двоен стрелец беше ветеранот Дини, а победата на потврди Сар во 71 минута кога Вотфорд имаа играч помалку на теренот. Маријапа во 51 и 57 минута доби жолти картони, поради што мораше да ја напушти играта.

Дуелот на „Сент Мери“ во Саутемптон помеѓу домашниот тим и Кристал Палас заврши 1:1. Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрвин Томпкинс погоди за гостите во 50 минута, израмни Ингс во 74 минута.

Scroll to Top