Top Sport

Анчелоти: Го лоциравме проблемот, сега треба да работиме да го исправиме

Реал Мадрид не успеа да слави и на второто гостување во новата сезона. Откако во првото коло тимот на Карло Анчелоти одигра 1:1 во Мајорка, со ист резултат го заврши и синоќешното гостување во Лас Палмас.

Ова беше втор кикс на Реал во првите три кола. Тимот на Карло Анчелоти има само една победа од три натпревари, прптив Ваљадолид на домашен терен.

На прес-конференцијата по натпреварот, Анчелоти ги критикуваше своите играчи, особено играчите од средниот ред, за бавниот проток на топката и големото растојание меѓу линиите.

„Мораме брзо да најдеме решенија за да се подобриме. Се мачиме и немаме стабилност. Поотешко е отколку што очекувавме. Единственото добро е што знаеме што треба да поправиме. Бавни сме, не се движиме. Проблемот што го имаме е многу јасен, сега морам да најдам решение. Во средината, линиите ни се премногу оддалечени, напаѓачите добро се позцинонираат, но додека топката стигне до нив, противникот веќе ја поставил одбраната. Сега не ни оди добро и не смееме да дозволиме тоа да продолжи“, изјави Анчелоти.

Scroll to Top