Евертон се фаворити да го добијат потписот на Хамес Родригез од Реал Мадрид во јануари, тврди шпанската публикација „Ел демарк“, што значи дека Карло Анчелоти по третпат ќе потпише договор со колумбискиот фудбалер.
Новиот тренер на клубот од „Гудисон парк“ ќе добие пари за трошење следниот месец добивајќи уверување од управата, нешто што го барал пред да се согласи да пристигне во Ливерпул, и сега повторно го има фокусот на Родригез, кого се обидуваше да го донесе во Наполи додека беше тренер на италијанскиот клуб.
Родригез, кој чини околу 50-тина милиони евра, е исто така на листата на Арсенал, Интер, Рома и Марсеј откако имаше само девет настапи за „кралскиот клуб“ оваа сезона, но се верува дека Анчелоти ќе биде одлучувачкиот фактор за трансфер. Анчелоти работеше со него во Реал Мадрид и во Баерн Минхен, каде што тој ги помина последните две сезони како позајмен фудбалер.