Top Sport

Анчелоти го потврди трансферот на Фран Гарсија

Реал Мадрид го победи Рајо Ваљекано со 2:1 со головите на Карим Бензема и Родриго во 36. коло од шпанската Ла Лига. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти по натпреварот го потврди трансферот на Фран Гарсија (23) од Рајо во Мадрид.

„Фран Гарсија е лево бек кое има многу енергија. Тој е многу брз со топката и е добар во нападот. Тој му одговара на Реал и ќе биде со нас следната сезона”, изјави Анчелоти.

Гарсија помина низ фудбалската школа на Реал. Играше за јуниорите и за Б тимот, а во 2020 година отиде на позајмица во Рајо Ваљекано, кој една година подоцна го купи за два милиони евра. Враќањето на Гарсија беше објавено на почетокот на февруари, а сега е потврден и првиот летен трансфер на Реал.

Гарсија е сезонава забележа 37 настапи, постигна еден гол и забележа две асистенции за Рајо.

„Трансфермаркт“ го цени на десет милиони евра. Да потсетиме, Реал во текот на сезоната мораше да игра со Едуардо Камавинга на позицијата лев бек, поради честите повреди и лошата форма на Ферлан Менди.

Scroll to Top