Top Sport

Анчелоти го сака Перишиќ во Евертон, Лестер ги „мати сметките“

Медиумите на Островот пишуваат дека Евертон се заинтересирани да го доведат во своите редови хрватскиот интернационалец, Иван Перишиќ. Освен „карамелите“, Хрватот е мета и на Лестер Сити.

Перишиќ во моментов е во Интер, се врати по позајмицата во Баерн Минхен, откако со Баварците ја освои тројната круна. Сепак челниците на минхенскиот клуб не сакаа да го откупат неговиот договор, па офанзивецот се врати во екипата на Конте.

Италијанскиот стратег игра со формација 3-5-2, а во неа нема место за играч од калибарот на Перишиќ. Токму поради тоа минатото лето тој го отпиша Хрватот, а постои истата можност да се случи и сега. На тоа се надеваат премиерлигашките екипи.

Анчелоти и Евертон се упорни да го доведат Перишиќ на „Гудисон“, не им се проблем ниту парите, но и „лисиците“ веќе го контактираа трофејниот фудбалер. Останува да се види во наредниот период чиј дрес ќе носи Хрватот во новата сезона.

Scroll to Top