Top Sport

Анчелоти: Хамес и Икарди се одлични, но уште не се играчи на Наполи

Тренерот на Наполи ги испофали „вистинските квалитети“ на Хамес Родригез и Мауро Икарди, зголемувајќи ги шпекулациите дека јужноамериканското дуо ќе заврши на „Сан Паоло“ следната сезона.

Претседателот на италијанските вице-шампиони, Аурелио де Лаурентис потврди дека Анчелоти сака да работи повторно со Хамес, кому му беше тренер во Реал Мадрид и Баерн Минхен. Хамес е фудбалер на Реал Мадрид, но тие се подготвени да го продадат или позајмат за вистинска цена.

„Тој е фудбалер кого го познавам многу добри и е многу квалитетен. За жал, уште не е фудбалер на Наполи. Можеби нема да биде, можеби ќе биде. Ќе зборуваме ако стане фудбалер на Наполи, бидејќи не би сакал некој да зборува за моите фудбалери како да се негови“, изјави Анчелоти.

Наполи исто така се поврзувани и со Икарди, кому од шефовите во Интер му е порачано дека не е во нивните планови под новиот тренер Антонио Конте.

„Икарди е голем фудбалер, кого го цениме многу. Сите тие имиња се важни фудбалери и убаво е да се поврзуваат со Наполи, но уште не се наши фудбалери“, додава тренерот.

Scroll to Top