Top Sport

Ерера удри по првите луѓе на Манчестер јунајтед

Андер Ерера тврди дека бордот на Манчестер јунајтед не успеал да го убеди дека е важен во тимот, поради што тој решил да замине во Пари Сен-Жермен со слободен трансфер, отфрлајќи ги шпекулациите дека барал огромно зголемување на платата.

29-годишниот Шпанец потпиша петгодишен договор со француските шампиони минатата недела, откако играше во Јунајтед од 2014 година и беше миленик на навивачите поради страста која ја покажуваше во дресот на „ѓаволите“. Тој имаше 189 настапи и 20 гола за Јунајтед, освојувајќи ги Ф купот, Карабао купот и Лига Европа.

Се веруваше дека Оле Гунар Солскјер сакал да го заддржи, но клубот не сакал да му даде плата од 350.000 фунти неделно.

„Не сакам да гледам кон минатото, но имаше разлики околу проектот и мојата важност во тимот. Јас бев среќен, и имам за што да се заблагодарам на клубот, на фановите и на Солскјер. Тој направи многу јас да останам, но работите не се случија. Тие дојдоа доцна и тогаш веќе ја имав направено одлуката да играм во Париз. Зошто ПСЖ? Бидејќи да заминеш од Јунајтед, најголемиот клуб во Англија, потребно ти е нешто како ПСЖ, најголемиот клуб во Франција. Не би можел да играм за друг англиски клуб“, вели Ерера за „Марка“.

Scroll to Top