Top Sport

Анчелоти: Имам посилен тим од минатата сезона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека тимот е формиран за следната сезона и дека повеќе нема да има трансфери.

Италијанецот проговори по поразот од кралскиот клуб во Ел Класико одиграно во Лас Вегас (1:0).

Интересен избор на Анчелоти беше Антонио Ридигер, кој наместо стопер играше лев бек.

„Тој може да игра на таа позиција, но и да се менува за време на натпреварот со Алаба. Денеска не го направија тоа затоа што беше добро“, изјави Анчелоти.

Алаба може да игра на повеќе позиции, исто како Еден Азар.

„Минатата година видовме дека може да игра на неколку позиции. Има квалитет да биде лажна деветка, но мора да се прилагоди“, дополни тренерот на Реал.

Трансфер периодот е затворен за Мадрид.

„Составот е затворен и е подобар од лани. Пристигнаа двајца нови играчи кои ќе придонесат. Имаме 27 играчи, ги има многу, не е лесно да се тренира“, заклучи Анчелоти.

Следниот натпревар Реал го игра во среда од 4.30 часот против мексиканскиот Клуб Америка.

Scroll to Top