Карло Анчелоти ги демантира шпекулациите дека ќе си поднесе оставка од тренерското место во Наполи, но признава дека тоа не значи дека ќе го заддржи местото и покрај тоа што Наполи се квалификуваше за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Со 4:0 победата над Генк, Наполи првпат во историјата ги заврши натпреварите по групи без пораз, меѓутоа, тоа не ја оправдува катастрофалната форма во домашниот шампионат и бунтот на фудбалерите за што им се заканува финансиска казна од претседателот Аурелио де Лаурентис.
Шпекулациите во Италија тврдат дека времето на Анчелоти заврши и дека Џенаро Гатузо е подготвен да ја преземе контролата на „партенопеи“.
„Јас нема да си дадам оставка, тоа е сигурно. Утре ќе се сретнам со претседателот Де Лаурентист, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави ветеранот.