Top Sport

По 45 минути – Интер израмни со Барса, супер-гол на Абрахам за Челси (видео)

По првото полувреме во последното коло од групната фаза на Лигата на шампиони, уште не е јасно кој ќе биде во осминафиналето, но на Интер и на Ајакс засега не им се „пишува добро“.

Пречекувајќи ја Барселона без Лео Меси и со комбиниран состав, на Интер им е потребна победа за да бидат сигурно пред Борусија Дортмунд. Гостите имаа изненадувачко 1:0 водство, преку Карлес Перез, резултат со кој „нераѕурите“ одат во Лига Европа, но Ромелу Лукаку повторно стрелаше за Интер за 1:1. За „среќа“ на Интер, Борусија по првите 45 минути има 1:1 со Славија Прага, така што во ваква ситуација италијанскиот клуб има предност.

Челси е пред осминафиналето, откако поведе со 2:0 против Лил, а за одбележување е и „магичниот“ гол кој го постигна Теми Абрахам, кој сега има три меча на „Стемфорд бриџ“ со барем еден гол. Ајакс пак, неочекувано губи со 0:1 дома од Валенсија, ситуација која ги става нив во позиција за Лига Европа.

ИНТЕР – БАРСЕЛОНА (1:1)

БОРУСИЈА – СПАРТА (1:1)

ЧЕЛСИ – ЛИЛ (2:0)

АЈАКС – ВАЛЕНСИЈА (0:1)

Scroll to Top