Карло Анчелоти објаснува дека неговото срце е поделено на половина за Милан и Реал Мадрид, но сепак, во интервју за „ДАЗН“ типуваше на Наполи за пласман во финалето на Лигата на шампиони. Милан во четврт-финалето игра токму со Наполи во дуел на два тима на чија клупа бил Карлето, додека Реал Мадрид игра со Челси.
„Наполи реално можат да станат шампиони. Но, исто така сите осум клуба кои се останати. За да опстанете мора да верувате дека сте најсилни и да бидете оптимисти. Ние сме опасен тим во овој дел од натпреварувањето, бидејќи добро го познаваме и историјата вели дека за Реал ова е најважниот трофеј. Јас сум Миланиста и Мадридиста. 50-50. Играв за ‘росонерите’ и им бев тренер. Реал е врвот. Тие се двата клуба со кои најмногу сум поврзан. Не сум многу различен од човекот кој беше тренер на Реџијана во 1996 година, но имам повеќе искуство“, вели Анчелоти.