Top Sport

Анчелоти: Јовиќ е сериозен играч, проблем е што е мрзлив

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе биде добар во Фиорентина. Исто така, тој ркол дека проблемот е што српскиот фудбалер е малку мрзелив.

На своето деби за Фиорентина, Јовиќ постигна четири гола во период од 28 минути во пријателскиот натпревар против Реал Виченца.

„Јовиќ е одличен напаѓач. Тој не е многу подвижен, но силен е во шеснаесетникот и игра добро со глава и со двете нозе. Сериозен играч. Ако е мотивиран, убеден сум дека ќе биде добар во Фиорентина. Недостатоци? Понекогаш е мрзлив, му треба поттик“, изјави Анчелоти за „Firenzeviola.it“.

Лука Јовиќ неодамна пристигна во Фиорентина без отштета, но Реал Мадрид ќе добие 50 отсто од неговиот следен трансфер.

Реал го купи српскиот напаѓач во 2019 година од Ајнтрахт за сума од 63 милиони евра.

Scroll to Top