Top Sport

Анчелоти: Калверт-Луин може да биде најдобриот напаѓач во Европа

Карло Анчелоти вели дека напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин може да стане „најдобар напаѓач“ во Европа, откако младиот напаѓач со одличната форма донесе две победи во првите два меча под водство на Италијанецот.

По победничкиот гол против Барнли во првиот меч на Анчелоти, Калверт-Луин постигна два гола против Њукасл за победа, и Анчелоти, кој работел со напаѓачи како Ибрахимовиќ, Левандовски, Бензема и Дрогба, вели дека е импресиониран.

„Според мене, Калверт-Луин е фантастичен напаѓач, одличен со глава, умен во шестнаесетникот и секогаш ’остар’ со топката. Но, уште е млад и може да биде уште подобар. Се работи за скромно момче кое не зборува многу. Мислам дека ги има сите квалитети да биде врвен фубалер во Англија и во Европа“, вели Анчелоти.

Со победата, Евертон скокна на 10. место во табелата со низа од пет меча без пораз. 22-годишниот Калверт-Луин пак, првпат во кариерата има 10 постигнато голови.

Scroll to Top