Top Sport

Шифрин продолжува со доминантните победи, се израмни со Вон (видео)

Микаела Шифрин стигна и до својата 64. победа во Светскиот куп во алпско скијање, еден ден откако се помести на второто место по бројот на победи кај жените, со убедлив триумф на слаломот во австрискиот Лиенц.

Шифрин до нови 100 поени во генерален пласман стигна со убедлив триумф со комбинирано време од 1:48.89, со големи 0.61 секунди пред словачката скијачка Петра Влхова, додека последното место на подиумот го освои Швајцарката Мишел Гисин со дури 1.72 секунди послабо време.

Ова е 43. победа на Шифрин во слалом, со што се израмни со својата славна сонародничка Линдзи Вон како скијачка со најмногу победи во една дисциплина.

24-годишната Американка веќе има четири победи оваа сезона – слаломот во финскиот Леви, велеслаломот во домашниот Килингтон и сега двојната победа во Лиенц, за да направи голема предност од 295 поени во генерален пласман. Шифрин има 746 поени пред Италијанката Федерика Брињоне со 451 и Влхова со 413 поени по 12 трки во сезоната.

Scroll to Top