Карло Анчелоти денеска потврди дека нема намера да го напушти Реал Мадрид.
Иако се шпекулираше дека Италијанецот би можел да замине, тој не сака да го напушти Реал и верува дека без разлика на резултатите до крајот на сезоната ќе остане во Мадрид.
„Верувам дека ќе останам овде и следната сезона. Претседателот беше отворен за мене и се согласивме дека ќе бидам тука и следната сезона. Сакам да го испочитувам мојот договор до крај”, изјави Анчелоти.
Реал ја загуби титулата од Барселона, но игра во финалето на Копа дел Реј, а се наоѓа и на прагот од полуфиналето во Лигата на шампионите.
Анчелоти минатата сезона ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите.