Откако Јирген Клоп откри дека му дал подарок на Карло Анчелоти пред нивната средба пред финалето на Лигата на шампиони минатата годинаа, Италијанецот откри што точно добил и одговори дали му има подготвено возвратен подарок пред утрешниот меч на Ливерпул и Реал Мадрид во првиот дуел од осминафиналето на ЛШ.
„Се работеше за електронска цигара. Клоп е многу добар човек. Бевме заедно во Ливерпул за време на пандемијата кога работев со Евертон и си праќавме СМС пораки и подароци. Му немам подготвено подарок. Ќе му дадам нешто во Мадрид“, изјави Италијанецот.