Top Sport

Анчелоти: Клоп ми подари електронска цигара, ќе му дадам нешто во Мадрид

Откако Јирген Клоп откри дека му дал подарок на Карло Анчелоти пред нивната средба пред финалето на Лигата на шампиони минатата годинаа, Италијанецот откри што точно добил и одговори дали му има подготвено возвратен подарок пред утрешниот меч на Ливерпул и Реал Мадрид во првиот дуел од осминафиналето на ЛШ.

„Се работеше за електронска цигара. Клоп е многу добар човек. Бевме заедно во Ливерпул за време на пандемијата кога работев со Евертон и си праќавме СМС пораки и подароци. Му немам подготвено подарок. Ќе му дадам нешто во Мадрид“, изјави Италијанецот.

Scroll to Top