Еден од најтрофејните тренери во 21. век Карло Анчелоти ја објави својата автобиографија во која пишува и за заминувањето од Реал во 2015 година. Кинигата „Тивко лидерство: победничко срце, умот и натпреварите“, говори и за односот кој 58-годишниот тренер го имал со претседателот на Реал, Флорентино Перез.
„Работите одеа според планираното, но на површина излегоа два големи проблеми“, пишува поранешниот тренер на Реџијана, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал и Баерн.
„Првиот проблем го направи ФИФА кога ‘откри’ дека нашиот тим не тренирал доволно, како што тоа го правеа другите европски клубови. Ние тогаш имавме одлична низа од 22 победи, така што сигурно сме правеле добри работи. Малерот беше што загубивме токму кога беше објавена таа статистика, тогаш од клубот започнаа да ме пристискаат. ‘Мораме да работиме напорно’, така зборуваа. Јас имав поинакво мислење. Играчите мора да се одмараат, тогаш имавме период од еден месец кој беше исполнет со повреди и замор, што на крајот беше клучно да не ја освоиме шампионската титула. Таа статистика беше знак дека повеќе и се верува на статистиката и бројките отколку на тренерот“, пишува Анчелоти.
Потоа тој го посочува и вториот проблем.
„Претседателот ме повика во својата канцеларија на разговор. Кога влегов, ми соопшти дека телефонски разговарал со Герет Бејл. Јас го заменив Бејл на натпреварот кој го загубивме и ја прекинавме серијата (2:1 против Валенсија на Местаља). Менаџерот на Бејл се жалел бидејќи Велшанецот сакал да игра повеќе во средината. Тогаш претседателот ме праша што планирам да направам. Мојото одоговор беше: ‘Ништо’. Не можев да го менувам системот на половина од сезоната. Потоа нашиот однос повеќе никогаш не беше ист“, заклучил трофејниот тренер кој во 2014 година на Реал му ја донесе јубилејната десетта титула во Лигата на шампионите.