Top Sport

Анчелоти: Куман добро работи во Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во пресрет на Ел Класико, со пофални зборови ја оценил работата на колегата Роналд Куман.

„Тој е добар тренер. Работев во Евертон, каде претходно беше и Куман, сите имаа само убави зборови за него“, рекол Анчелоти и дополнил.

„Искрено, не го познавам добро, но тој позитивно делува на своите екипи. Исто може да се каже и за неговата работа во Барселона. Мислам дека не е лесно да бидеш тренер на Барселона. Клубот е во фаза на реконструкција…Тој добро го прави тоа“.

Ел Класико ќе се одигра во недела, на „Ноу Камп“. Барселона во дербито влегува од седмото место со 15 бодови, Реал има два бода повеќе и го дели второто место на табелата.

Scroll to Top