Top Sport

Анчелоти: Ливерпул не згрешија кога ме одбија мене и го поставија Клоп

Новиот тренер на Евертон, Карло Анчелоти вели дека ривалите од Ливерпул го направиле „вистинскиот избор“ во 2015 година и го ангажирале Јирген Клоп наместо него пред првото „Мерсисајд дерби“ за него во недела.

Клоп го замени Брендан Роџерс во октомври 2015 откако изгради репутација со успешната низа со Борусија Дортмунд и оттогаш Германецот го трансформираше клубот, лани освојувајќи ја титулата од Лигата на шампионите, а оваа година градејќи огромна предност на табелата. Анчелоти признава дека разговарал со шефовите на „црвените“ пред дуелот со Ливерпул во третото коло од ФА купот во недела.

„По Реал Мадрид разговарав со сопствениците на Ливерпул. Тие бараа нов менаџер и мислам дека направија вистински избор со Јирген, кој заврши неверојатна работа. Тој направи фантастичен тим со фантастични фудбалери. Во моментов тие се во навистина голема форма“, вели Анчелоти.

„Карамелите“ ги немаат победено Ливерпул на „Енфилд“ од 1999 година, но Анчелоти вели дека тоа не го обесхрабрува.

„Знам дека навивачите би сакале победа и ние имаме ист сон, да се победи Ливерпул на ’Енфилд’. Секогаш има шанса. Знам колку се вредни градските дербија, исто беше кога бев и во Милан и во Рома“, додава Анчелоти.

Scroll to Top