Top Sport

Дејвис блесна за Лејкерси, Харден со 44 поени за нова победа на Хјустон (видео)

Ентони Дејвис имаше 46 поени и 13 скока за Лос Анџелес лејкерс со 123:113 да ги победат Њу Орлеанс пеликанс, за четврта победа едноподруго.

Дејвис, кој имаше 41 поен во победат на Лејкерс над Пеликанс на 27 ноември, имаше 15-од-21 од поле и ги постигна сите 13 слободни фрлања, додека одлични за домаќините беа и Дени Грин (25 поени) и Леброн Џејмс (17 поени, 15 асистенции и 8 скока).

Пеликанс загубија првпат по четири меча, а за нив најдобар беше Лонзо Бол со 23 поени и Брендон Инграм со 22 поени.

Џејмс Харден постигна 44 поени, имаше 11 скока и 11 асистенции за да ги предводи Хјустон рокитс до 118:108 победа над Филаделфија сиксерс. Капела додаде 30 поени и 14 скока за да го стави во сенка Џоел Ембид (20 поени и 12 скока), за Филаделфија да го забележи четвртиот пораз во низа од Божиќ.

Сепак, вечерта му припадна на спектакуларниот Харден, кој постигна 6 тројки од 12 обиди, а беше совршен (12-од-12) од линијата за слободни фрлања.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Хјустон – Филаделфија 118:108

Лос Анџелес лејкерс – Њу Орлеанс 123:113

Орландо – Мајами 105:85

Бостон – Атланта 109:106

Вашингтон – Портланд 103:122

Феникс – Њујорк 120:112

Scroll to Top