Top Sport

Анчелоти наредил – сите одиме во карантин

Тренерот на Наполи Карло Анчелоти решил неговите играчи четири дена да бидат во карантин. Целта на Анчелоти е да го подготви тимот за следниот меч во Серија А против Удинезе.

Карло Анчелоти донесе изненадувачка одлука, играчите ќе одат во карантин. причината е јасна излошени се на голем притисок од навивачите и јавноста. Наполи се без победа во Серија А на последните шест натпревари, а синоќа трите бода од Неалоп ги однесе Болоња.

Интересна одлука на трофејниот тренер ако се знае дека играчите, минатиот месец, се спротивставија на одлуката на претседателот Аурелио Де Лаурентис да одат во карантин.

Поради тоа Де Лаурентис реагираше со жестоки казни, на сите фудбалери им одзеде по 25 отсто од месечните плати. Најлошо минаа капитенот Лоренцо Инсиње кој остана без 300.000 евра. Меѓу казнетите беше и Елиф Елмас. македонскиот репрезентативец е покус за околу 57.000 евра.

Фудбалерите на Наполи четири дена ќе бидат во карантин со цел максимално да се подготват за дуелот со Удинезе.

Scroll to Top