Top Sport

Роналдо сепак ќе добие награда за најдбар играч

Кристијано Роналдо вечерва нема да се појави на церемонијата во Париз на која „Франс Фудбал“ ќе му ја додели Златната топка на најдобриот играч во 2019 година. Според шпекулациите шестти пат лауреат ќе биде Лионел Меси.

Злобниците тврдат дека Португалецот може да го поднесе тоа, меѓутоа не можел да се помири со резултатите од гласањето кои велат дека тој прв пат од 2010 година нема да биде меѓу најдобрите тројца.
Пред него биле уште Ван Дајк и Салах од Ливерпул, а зад него Алисон, Мбапе, Де Јонг, Де Лихт и Азар.

Секако резултатите од изборот за Златната топка се уште се само шпекулација. Меѓутоа Роналдо ништо не му препушта на случајот.

Тој им се извинил на организаторите на церемонијата во Париз бидејќи морал да боде присутен на една друга церемонија каде сигурно ќе собере некоја награда.

Вечерва во Милано ќе бидат доделени наградите „Гран Гала Калчо“.

Роналдо е МВП во Серија А за минатата сезона, Јувентус е најдобар тим, а тој е номинира и во категоријата најубав гол.

Scroll to Top