Тоа што навивачите на Реал Мадрид го свиркаат Герет Бејл „е разбирливо“, вели тренерот Карло Анчелоти, откако Велшанецот првпат се појави на терените на „Сантијаго Бернабеу“ од февруари 2020.
Бејл влезе во игра во финишот на 2:0 победата над Хетафе во саботата, и беше пречекан со свирежи од дел од домашните навивачи, но не изгледаше изненаден од реакцијата. Анчелоти не ја осуди публиката, туку посочи дека ќе биде клучна нивната поддршка при мечот со Челси во вториот меч од четврт-финалето на ЛШ во вторник.
„Мислам дека нашите навивачи се многу важни. Тие беа тука за нас против ПСЖ во осминафиналето и сега ни е потребна нивната поддршка во вторник. Свирежите за Бејл се разбирливи, но мислам дека не му пречеа, бидејќи тој е сериозен професионалец“, вели Анчелоти.
32-годишниот Бејл постигна над 100 гола за Реал, освојувајќи четири титули од ЛШ и две од Ла лига во девет години на „Бернабеу“.
Gareth Bale’s return to the Bernabeu.
A mix of whistles and applause
pic.twitter.com/5Nzlt8uVWn— Ehsan (@LosBlancoEhsan) April 9, 2022