Top Sport

Анчелоти: Не можам да играм висок пресинг со Крос и Модриќ

Карло Анчелоти може да биде задоволен од досегашниот тек на сезоната. Реал се на врвот во Шпанија, а во Лигата на шампионите изборија пласман во осмина-финалето.

Во интервју за „Кориере дело Спорт“, говорел за играта на Реал, за да го објасни стилот кој го применува, го навел примерот на Лука Модриќ и Тони Крос.

„Победите и титулите се резултат на проценките што ги прави тренерот. Секако дека резултатите ќе имаш секогаш кога ќе играш добро. Добар тренер секогаш играта ја прилагодува на играчите со кои располага. Со Мордиќ и Крос не можам да играм висок пресинг. Би бил идиот со напаѓач каков што е Винисиус, кој има скутер во нозете, да не играм на контранапади. Еве еден пример. Кога би го имал Роналдо, би барал начин како да се донесе топката до него. Нема да барам тој да се спушта по топката. Истото е и со Ибрахимовиќ. Постојат играчи кои прават разлика на теренот и играчи кои мора да трчаат. Мислам дека тоа го кажа Конте, ако не го кажал тој тогаш нема врска“, рекол Анчелоти.

Scroll to Top