Top Sport

Анчелоти не се согласува со Симеоне дека Барселона е најдобриот тим во Ла Лига

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ремизираа 1-1, што значи дека трката за титулата во Ла Лига допрва почнува.

Барселона вечерва гостува во Севилја и доколку победи ќе се доближи до Реал Мадрид на само два бода, а од Атлетико ќе има бод помалку.

Диего Симеоне смета дека Барса е главен фаворит иако е на третото место.

„Сè уште инсистирам дека Барселона е најдобриот тим во Примера. Тие напаѓаат со неверојатна брзина, имаат одлични играчи и одлични се како тим“, изјави тренерот на Атлетико.

Карло Анчелоти не се согласува целосно со колегата.

„Симеоне рече дека Барса е најдобра? Секој има право на свое мислење. Само ќе кажам дека сме лидери на табелата, без разлика на сите повреди кои не следат од почетокот на сезоната. Среќни сме што сме први и со нашиот настап против Атлетико. Не дозволивме голем број на шанси”, изјави Анчелоти.

Нема сомнеж дека ова ќе биде една од најнеизвесните и најлудите трки за титулата во историјата на шпанскиот фудбал.

Scroll to Top