Top Sport

Анчелоти нема да го повка Нејмар за контролните дуели со Франциај и Хрватска

Бразилците со голем интерес го проследија враќањето на Нејмар, по сериозната повреда. Нејмар повторно игра фудбал, но не му помогна на Сантос да сотане во во првенството Паулиста.

Се очекуваше дека Каро Анчелоти ќе го повика Нејмар во националниот тим, но како што објави „goal.com“, тоа нема да се случи.

Според овој извои, селекторот Анчелоти воопшто не размислувал да го повика поранешниот фудбалер на Барселона и ПСЖ, за пријателските натпревари во март, што Бразил ги игра против Франција и Хрватска во Соединетите Американски Држави.

Овие натпревари, кои ќе се одиграат во Бостон и Орландо, Анчелоти ги гледа како последна проверка пред составувањето на конечниот список за Светското првенство.

Италијанскиот стратег одлучи дека Нејмар нема да биде дел од составот за тие натпревари, претпочитајќи напаѓачот прво да влезе во натпреварувачки ритам во клубот по долгата рехабилитација од повредата.

Стручниот штаб на бразилската репрезентација внимателно го следи напредокот на Нејмар, но планот никогаш не вклучувал негов повик за последните проверки пред конечниот попис.

Се очекуваше Нејмар постепено да се врати во текот на февруари и да ја пронајде формата преку натпреварите за Сантос, а Анчелоти сака да види како остатокот од тимот функционира без него како централна фигура во нападот.

За разлика од некои од неговите претходници, Анчелоти не покажува знаци дека по секоја цена сака 34-годишникот да биде во тимот.

Планот на Анчелот останува ист, во мај ќе се процени дали е физички подготвен да се натпреварува на Светското првенство на нивото што му е потребно на Бразил. Анчелоти постојано ја држеше вратата отворена, но само под услов Нејмар да може да ги исполни физичките барања на модерниот фудбал.

Сè ќе зависи од неговиот напредок до денот на објавување на конечниот попис. Доколку Нејмар е физички и технички на потребното ниво, тој ќе биде во составот. Во спротивно, ќе ја пропушти можноста да се појави на своето четврто Светско првенство.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');