Top Sport

Анчелоти: Овој дел од сезоната е одличен за Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, и покрај поразот од Рајо Ваљекано и истакна дека е задоволен од првиот дел од сезоната. Со поразот на „Ваљекас“, Реал и ја препушти лидерската позиција во Примера на Барселона.

„Само што влегуваме во паузата од Светското првенство по толку многу натпревари, но овој прв дел од сезоната е сепак многу добар. Што се однесува до играта, признавам дека немавме ист интензитет како Рајо и дека требаше да го промениме начинот на кој игравме во некои фази од натпреварот. Направивме грешки. Ни недостигаше силата што ја имаше нашиот ривал. Квалитетот не беше доволен за да победиме на овој натпревар“, изјави Анчелоти.

Трофејниот тренер признава дека играчите се чувствуваат уморни.

„Не сме свежи бидејќи одигравме многу натпревари. Не бевме свежи, не бевме добри како порано, но тоа е нормално. Лигата е многу долга. Разочарани сме што го загубивме водството. Не станува збор за физички проблем. Имавме стратешки проблеми. Немам проблем со долгите топки и мислам дека тоа требаше да го направиме повеќе пати“, заклучи Анчелоти.

Реал Мадрид овој дел од сезоната ќе го заврши во четврток, кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува Кадиз.

Scroll to Top