Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти вели дека научил како клубот мора да работи за тренерот во Јувентус и дека Зинедин Зидан го приморал да ја смени фудбалската филозофија.
Анчелоти беше тренер на Јуве од 1999 до 2001 година со малку успех, по што имаше далеку поуспешен период со Милан, освојувајќи две титули од Лигата на шампионите. Подоцна, тој го повика Зидан да му биде асистент додека беше во Реал Мадрид, за потоа да му го преземе местото.
„Со Зидан, се обидов да ја сменам мојата филозофија за фудбалскиот систем. Зидан е првиот фудбалер кој ми даде шанса да го сменам системот и да играм на поинаков начин. Кога го имав Зидан, во првата година во Јувентус, играв со 3-4-1-2 систем, со Алесандро дел Пјеро и Филипо Инзаги напред и Зидан зад нив. Втората година, оставив два играчи напред и еден број 10 како Зидан. Пред него бев фокусиран на 4-4-2, а потоа беше поинаку. Додека бев фудбалер под Нилс Лидхолм во Рома игравме зона, но не и 4-4-2, а потоа Свен-Горан Ериксон во Рома и Ариго Саки во Милан ја усовршија 4-4-2. Не е важно што Јувентус ме избркаа пред крајот на две години, бидејќи таму сфатив како клубот треба да работи за тренерот, да го поддржува“, вели Анчелоти во интервју за „Скај спортс“.