Top Sport

УФЦ: Арловски покажа како да држиш социјална дистанца со пламенофрлач (видео)

Поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија, Белорусинот Андреј Арловски, има совршен начин за оддржување на социјално дистанцирање во време на пандемијата на корона вирусот – со пламенофрлач.

„Подготвен сум да го изгорам КОВИД-19. Сега знам што ќе ја прашам мојата прекрасна сопруга Милана Арловскаја да ми купи за роденден. Одличен начин за заддржување на социјална дистанца“, напиша Арловски на Инстаграм.

41-годишниот Арловски речиси 20 години е дел од УФЦ шампионатот, а последен пат беше во октагонот на 13 мај, кога го победи Бразилецот Филип Линс во Џексонвил. Тој исто така го предизвика Мајк Тајсон на „мешана“ борба – една рунда ММА, една рунда бокс.

Scroll to Top