Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека целосно ги прифаќа критиките кон него упатени по 1:0 поразот од Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите и додава дека на „Паркот на принцовите“ бил нарушен имиџот на „кралевите“.
Зборувајќи со медиумите пред мечот со Алавес овој викенд, тој признава дека имал разговор со претседателот на клубот Флорентино Перез.
„Зборував со претседателот, со сите во клубот и тие се разочарани исто како и ние. Имиџот на тимот не беше добар. Најмал проблем од се ни е резултатот, кој може да се надмине, да бидеме искрени. Полошо беше како изгледавме во Париз. Критиките се на место поради погрешните работи, и ја преземам одговорноста. Морате да разберете зошто сте загубиле и да научите од тоа. Дел од критиките се на место, дел се глупост. Јас никогаш не кажав дека ќе ја освоиме титулата, но можеме да се натпреваруваме за три недели против ПСЖ“, вели Анчелоти.