Top Sport

Анчелоти: Респект за Сити, но Реал Мадрид беше најдобриот тим во 2022

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти инсистира дека Реал Мадрид бил најдобриот тим во изминатата сезона, откако Манчестер сити неочекувано ја доби наградата за „тим на годината“ на вчерашното доделување на „Златната топка“, а „кралевите“ завршија како трети во гласањето зад англискиот шампион, но и зад Ливерпул.

Мадрид минатата сезона освоија три трофеи, вклучувајќи го и најважниот, титулата од Лигата на шампионите, а нивната прва ѕвезда, Карим Бензема заслужено ја зеде „Златната топка“, а Анчелоти во август беше прогласен за најдобар тренер според УЕФА.

„Не го знам критериумот по кој се доделуваат овие нгради. Не мислам дека зборуваат за тимови, бидејќи Реал Мадрид беше најдобриот тим, ја освои Лигата на шампионите… Не знам што сметаат тие за најдобар тим. Го респектирам Манчестер сити и им честитам. Беше тешко да ги совладаме во полуфиналето, а тие ја освоија и Премиерлигата. Ние веќе го имаме нашиот трофеј, тој од Лигата на шампиони“, вели Анчелоти.

Scroll to Top