Top Sport

Анчелоти: Само со бункер можевме да го елиминираме Сити

Реал Мадрид го исфрли Манчестер сити од Лигата на шампионите. Реал, актуелниот европски првак го победи по изведувањето пенали. Голманот Луни во пенал серијата ги одбрани ударите на Силва и Ковачиќ.

„Само со ваква игра можевме да го елиминираме Сити“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти, чиј тим на „Етихад“ играше бункер и ретко се префрлаше на противничката половина.

„Почнавме добро, поведовме, а потоа почнавме да се мачиме, да се бориме… Стоевме премногу ниско, а Сити имаше сè поголема контрола. За среќа, одлично се браневме. Во пенал рулетот бевме уверени дека ќе поминевме, играчите ми рекоа дека ќе победат“, додаде Анчелоти.

Италијанскиот тренер откри и што му кажал Пеп Гвардиола од Сити по престрелката.

„Тој ми честиташе и ни посака среќа. Беше џентлмен како и секогаш и овој клуб е џентлменски“.

Scroll to Top